Целта на интензивните курсеви е слушателите да напредуваат брзо и ефективно за
пократко време. Главната разлика од стандардниот курс е ритамот и фокусот.
Со други зборови, интензивниот курс е идеален за оние кои бараат брз и концентриран
напредок или сметаат дека А1 ниво им е доволно, додека стандардниот курс е подобар
за постепено, континуирано и темелно учење.
Материјалот е ист како за стандардниот курс но темпото е побрзо и обемот на
дополнителни вежби на часовите е намален така што се очекува и поголема самостојна
работа од слушателот за ефективен напредок.
Опцијата за интензивен курс е достапна само за ниво А1. Поради големата обемност и
сложеност на материјалот на повисоките нивоа, за нив нема можност за интензивен
формат, туку заради квалитет во наставата се нудат стандардни курсеви со постепено и
континуирано усвојување на знаењето.