Нивото Стандарден курс – А2 ниво ниво по грчки јазик одговара на почетното ниво според Заедничката европска
референтна рамка за јазици (CEFR).
2.000 MKD месечна рата
Ниво А2 спаѓа во категоријата Основен корисник според Заедничката европска
референтна рамка за јазици (CEFR). На ова ниво, слушателот може да разбира и користи
фрази поврзани со секојдневни ситуации.
Согласно ова ниво слушателот ќе биде способен:
– да искажува фрази и основни изрази поврзани со секојдневни потреби (на пр.
шопинг, работа, семејство, патување и слободно време)
– да разбере едноставни пораки, информативни текстови и упатства.
– да учествува во кратки и едноставни разговори на секојдневни теми, ако
соговорникот зборува бавно и јасно.
– да побара и даде основни информации за производи, услуги, работно време,
насоки.
Во делот на граматиката, А2 ниво е клучно за изучување на минатото свршено време,
идното време и заповедниот начин (императив) – фундаментални алатки за комуникација
на кој било јазик. Главниот фокус во А2 ниво е на овие глаголски форми кои му
овозможуваат на слушателот да зборува за минати свршени дејства или идни планови и
намери. Без нив, комуникацијата е ограничена на едноставни сегашни или општи фрази
кои не се доволни за секојдневни или посложени разговори. Заповедниот начин пак е
многу корисен во секојдневната комуникација бидејќи овозможува слушателот да побара
нешто, да даде совет или да упати некого да направи нешто. Сите инструкции, упатства,
рецепти и насоки користат заповеден начин.
Понатаму, ова ниво го опфаќа изучувањето на четвртиот падеж во грчкиот јазик –
генитивот, кој не е покриен во нивото А1, со што се комплетира изучувањето на сите
падежи. Со комплетирањето на падежите слушателот има основа правилно да се изрази,
да разбере граматички структури во текстови и да премине на посложени граматички
феномени.
Освен основното учебно помагало, во текот на курсот се користи и работна тетратка за
дополнителни вежби како и дополнителни вежби преку наставникот. Програмата е
збогатена и со вежби за слушање, вештина што директно влијае на способноста за
разбирање и комуникација.