Овој курс е наменет за почетници кои сакаат да започнат да комуницираат на грчки без
премногу теорија и сложени граматички правила. Главната цел е учесниците да можат да
го користат јазикот во секојдневни ситуации и да развијат основно ниво на разбирање и
изразување.
За разлика од стандардните курсеви поделени по нивоа, овој програм не користи книги,
работни тетратки или граматички табели. Наместо тоа, наставата е фокусирана на
вокабулар, корисни изрази и основна поедноставена граматика неопходна за реална
комуникација.
Пристапот е практичен и интерактивен. Преку повторување, кратки дијалози и активности
за зборување, учесниците постепено стануваат посигурни во создавање сопствени
реченици и разбирање на едноставни разговори на грчки јазик.
Курсот се одвива во опуштена атмосфера и без притисок, што го прави идеален за оние
кои немаат многу време за учење дома. Особено е погоден за луѓе кои сакаат да стекнат
општо познавање на грчкиот јазик, за лица кои имаат недвижнини во Грција или за оние
што сакаат да научат нешто повеќе за потребите на туризмот, патувања во Грција и
секојдневна комуникација.