Lingua Hellas

Детална програма

Стандарден курс – А1 ниво

Стандарден Курс - А1

Нивото А1 по грчки јазик одговара на почетното ниво според Заедничката европска
референтна рамка за јазици (CEFR).

Начин на настава:
Со физичко присуство или online
Времетраење на курсот:
9 месеци
Број на часови:
62
Времетраење на часот:
60’ (2 пати во неделата)
Времетраење на курсот:
9 месеци

Цена на курсот:

2.000 MKD месечна рата

Прегледајте

Стандарден курс – А1 ниво

Нивото А1 по грчки јазик одговара на почетното ниво според Заедничката европска
референтна рамка за јазици (CEFR).
Согласно ова ниво слушателот ќе биде способен:
– да поздравува и отпоздравува, да побара или да даде едноставни информации
(на пр. време, адреса, насоки, цена)
– да се претстави себеси и да зборува за основни лични информации: име, возраст,
потекло, семејство, работа.
– да разбира бавно и јасно изговорени фрази и зборови поврзани со основните
потреби
– да учествува во кратки разговори користејќи едноставни фрази и изрази.
– да пишува кратки и едноставни текстови, како што се лични белешки или
картички.
Ова ниво ги опфаќа основите на граматиката на грчкиот јазик т.е. темелите врз кои се
гради способноста за понатамошно градење реченици, правилно зборување и разбирање
на грчкиот јазик. Секој почеток е кревок па се посветува големо внимание и секоја
тематска целина е покриена со дополнителни вежби за слушателот да се чувствува
посигурен во совладување на материјалот.

Гореспоменатите основи на граматиката вклучуваат изучување глаголот ‘’сум’’, трите
родови на именките, користење на определен и неопределен член, прашални зборчиња и
составување едноставни прашања и одговори, формирање на множина а големо
внимание во текот на целиот курс се посветува и на изучувањето на глаголите и
глаголските групи. Глаголите се срцето на реченицата – без нив не може да има вистинска
комуникација. Со нив можеме да кажеме што сакаме, правиме, чувствуваме или
планираме.
Слушателот се запознава и со падежите. Земајќи предвид дека македонскиот јазик нема
падежи, огромно внимание се посветува на тоа слушателот да ги распознава падежите
номинатив, акузатив и вокатив и да составува едноставни но и посложени реченици со
нив.
Целта на овој курс е слушателот да добие здрава основа, да биде поткован со знаење кое
ќе му овозможи сигурност и желба за понатамошно учење и користење на јазикот и
применливост во реални ситуации.