Lingua Hellas

Детална програма

Стандарден курс – Б1 ниво

Стандарден курс – Б1 ниво

Нивото Б1 одговара на просечно познавање според Заедничка европска референтна рамка за јазици

Начин на настава:
Со физичко присуство или online
Времетраење на курсот:
18 месеци
Број на часови:
72
Времетраење на часот:
60’
Времетраење на курсот:
18 месеци

Цена на курсот:

2.300 MKD месечна рата

Прегледајте

Стандарден курс – Б1 ниво

Нивото Б1 се смета за средно ниво според Заедничкиот европски референтен систем за
јазици (CEFR). Целта е студентот да може да разбира и да се изразува во познати и
секојдневни ситуации, да учествува во разговори и да изразува мислења. Во прилог
подетален преглед на материјалот:
На ниво Б1 слушателот го проширува и надоградува својот речник за:
 секојдневни ситуации – социјални активности, образование, патувања,
комуникација со јавни служби, врски и меѓучовечки односи, услови за живот и
животна средина, работа и професионални теми
 опис на настани, чувства, искуства и мислења
 изразување мислење и образложување на избори
 едноставно справување со проблеми и непредвидени ситуации
Граматиката на Б1 ниво подразбира добра поткованост со простото/свршено минато и
идно време изучено во А2 ниво и вклучува употреба на несвршените/трајни времиња
– минато и идно. Самите примери се на повисоко ниво и опфаќаат ситуации поврзани
со вокабуларот (работа, образование, социјални активности итн). Се обрнува посебно внимание на глаголи во активен и пасивен облик и нивна употреба во идно и минато свршено време. Се изучуваат и се продлабочува знаењето со нови типови на именки и придавки, широко распространети како во секојдневни ситуации така и во пишани текстови. Секоја тематска целина се поминува со дополнителни вежби покрај
учебното помагало со цел полесно совладување на материјалот.
Часовите со слушање се во поголем број, со цел поголема изложеност на јазикот,
внимателно слушање, разбирање и решавање покомплексни задачи со слушање.

Часовите со говорење и дискусија исто така се во поголем број – во вид на прашања за дискусија, опишување на слики, дискусија меѓу членовите на групата за темите што се изучуваат или во вид на презентации.